Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“ од Битола во соработка со ЈП “Комуналец“ од Битола и фирмата “Кнауфистика“, започна со тестирање на креираните програми за обуки за стручно образование за Роми и други групи со помали можности.
Дваесетина Роми ќе учествуваат во тест фазата и ќе бидат директно вклучени во фирмите за обука за мерката за подготовка на работното место за градинарство и молерисување според изготвените планови.На настанот присуствуваа координаторите на проектот од германската организација „Југендстил“, Ronald Schönknecht и Isabelle Jahn, кои имаа и поздравно обраќање.
Проектот е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, а го координира германската организација „Југендстил“. Оваа иницијатива има за цел да создаде нови можности за вработување и подобрување на квалитетот на животот во заедницата.