Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната

На 26.07.2024 во СВР Битола, Т.Ж. (55) од Битола пријавил дека од ул. „4 Ноември” му бил одземен мопед „априлија” со битолски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2024 во  СВР  Битола, 43-годишна жена од Битола пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 25.07.2024 во СВР Битола, Б.М. (49) од Битола пријавила дека на ул.„Васко Карангелевски “ во Битола, нејзиниот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 24.07.2024 во 11.48 часот во СВР Битола било пријавено дека во системот за јаглен во РЕК Битола била пронајдена артилериска граната со калибар 75 мм која датира од Првата светска војна.  Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштиата и спасување.

More from ВестиMore posts in Вести »