Press "Enter" to skip to content

Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)

Синоќа во прекрасен амбиент на Вила Де Ниро изведена театарската претставата  „КРАЛ ЛИР од Вилијам Шекспир, во адаптација на текст и режија Џон Блондел, сценографија и костими на Благој Мицевски во изведба на “LIT MOON THEATRE COMPANY“.Создадена од уметници од Македонија, Ерменија, Финска и САД претставата е режирана по импресиии од сцената на предворјето на црквата Света Софија, каде ќе ја има својата светска премиера специјално за фестивалот “Охридско лето“.

Во прекрасната летна ѕвездена ноќ, публиката која присуствуваше амбиенталниот двор на “Вила Де Ниро“ село Цапари ја имаше можноста да ја проследи  претствата за судбината на Кралот Лир.

Актерската екипа низ живописни слики и визуелно ја раскажа таа приказна со  јазикот на Шекспир. Претставата испреплетува приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат а ја прогонуваат најмладата ќерка која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник но се сомнева во неговата лојалност. Приказните на крајот се спојуваат во една со премногу болка.Изведбата евоцираше изгубени светови и минати времиња, атмосфери преплавени со антички ритуали, духови и соништа, едноставно раскажување и оригинална музика. Адаптација на текст и режија се на Џон Блондел,  а сценографија и костими на Благој Мицевски.

Музика: Џејмс Конели, кукли и фотографии: Јулија Духовн, дизајн на светло: Џанет Дрејпер, а асистенти на режија се Сиена Фицџералд и Дамјан Димовски.Џон е добитник на 13 независни театарски награди а во 2003 година добитник е на награда за факултетско истражување од колеџот Вестмонд,  во 2013 е именуван за учител на годината и „локален херој“за неговата „неуморна посветеност“ во меѓународната театарска заедница. До денес, Џон има режирано над 100 продукции во САД, Европа и Азија.Изведбата беше од колектив на театарски уметници со седиште во Санта Барбара “Lit Moon Theatre Company“, кој е основан во 1991 година. Неговата мисија е да понуди театарски искуства кои го прошируваат и продлабочуваат разбирањето на светскиот театар и културните традиции и промовираат и инспирираат меѓукултурно разбирање преку театарска изведба во живо. Од 1992 година, Lit Moon создаде 45 нови театарски проекти, продуцира тринаесет меѓународни театарски фестивали, доби десетици награди за своите уметници.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »