Press "Enter" to skip to content

Славе Наумовски Чапче – кларинетист, раководител во КУД “Илинден“ Битола , на концерт го прослави својот 75 роденден: поминаа 55 години од моите почетоци, но допрва почнувам (фотогалерија)

Жанета Ристевска

-Во КУД “Илинден“ Битола сум од 1966 година, што значи 55 години бидејќи имав пауза од 4,5 години. Професионално сум ангажиран како раководител на оркестар, но се чувствувам како да сум на почетокот и дека сега почнувам.

-Свирев специјално пред претседателот на Франција,  Жак Ширак со кларинетот на кој свирам од 1969 година, “Буфет“ прва серија, мојот прв кларинет. Ми понудија да ми дадат нов, не го дадов за нов, со него ги исшколував моите деца, станот го купив…

-Бев пријатно изненаден кога вечерта на 22 јули кога изведуваваме музичко-сценскиот перформанс “На Панаѓир“ со КУД “Илинден“ ги добив првите честитки за мојот 75 роденден, и потоа со нив го прославив.Денови на Фестивалот Илинденски денови ансамблот на КУД “Илинден“ од самите почетоци на истиот. Вечерта на крајот на сценско-музички преформанс “На панаѓур“ Силвана Петрова Насух со убави зборови му го честита 75 роденден на еден од најстарите членови на ансамблот Славе Наумовски – Чапче, кларинетист во оркестарот.

Тоа беше повод за разговор со Славе – Чапче раководител на оркестар во КУД Илилнден. Не дочека љубезно во просториите на КУД “Илинден“ каде го поминува голем дел од своето време. Водејќи не низ просториите застанува кај секоја фотографија и раскажува. Старите
фотографии будат посебни чувства и емоции, посебно кај него. Раскажувајќи ја својата животна приказна и долгогодишна кариера во КУД “Илинден“, не можеше да не зборува емотивно за музиката и кларинетот. Преку неговата приказна всушност се добива и слика за КУД “Илинден“ и личностите кои поминале тука. Личности од кои учел, му биле инспирација како млад музичар.Започна вака

-Еве овде си поминувам поголем дел од времето како дома сум, си имам се, кафе, ТВ… Овде си вежбам и тоа секој ден по 2 часа и повеќе. За да се биде во форма и кондиција, мора така да е. Еве се подготвуваме за турнеја во Португакија и овде малку е растурено. После вчерашнот концерт добив пофалби од градоначалникот Тони Коњановски дека на овие години се уште свирам. Му одговорив дека свирам и на свадби по два дена, по повеќе часа на плус 30 степени. Но, тоа е искуството, но најповеќе љубовта кон музиката. Се чувствувам како да сум на почетокот на кариерата и дека сега започнувам. Но секогаш сум лојален кон КУД “Илинден“. И да сум имал понуда да свирам на свадба, ако сум бил потребен во оркестарот, за турнеја, концер… без оглед на сумата не сум се двоумел. Парите не се важни. Како ќе ги оставам децата без јас да им свирам и водам.

За себе…

-Јас сум Славе Наумовски ме викаат Чапче. Роден сум на 22.07. 1949 година во Битола. Од мала возраст ја сакав музката и свирев на многу инструменти. Завршив 5 години нижо музичко училиште, потоа се запишав во Средното музичко училиште, но завршив само една година и приликите беа такви што не продолжив. Но тоа што го научив, читање на ноти ми помогна многу во кариерата понатаму. Инструмент кларинет учев од старите мајстори, најдобрите кои ме земаа уште како дете и нив свирев. Од старите мајстори ги научив примесите за со кои свирев, а тоа ми помага да правам и музика за постановки.Валентин Соклевски правеше кореографија правеше поставка за сплет “Мокренски игри“ врз основа на звуци на стари инструменти. Јас ја направив музиката, како и за многу други со моето искуство во таа музика. Во КУД Илинден сум од 1966 година, што значи 55 години бидејќи имав пауза од 4,5 години. Професионално сум ангажиран како раководител на оркестар, но се чувствувам како да сум на почетокот и дека сега почнувам.

-Свирев специјално пред претседателот на Франција, Жак Ширак кога бевме на турнеја 2014 година, а свирев со кларинетот на кој свирам е од 1969 година, марка “буфет“ прва
серија. Тој беше мојот прв кларинет. На средбата со францускиот претседател, на кој бевме специјални гости, ми понудија да ми дадат нов. Не го дадов за нов, а кога ме прашаа зошто, им одгововорив, не го давам, со него ги исшколував моите деца, станот го купив, помивам одлични моменти…

За ансамблот на КУД “Илинден“…

-Формиран е 1955 година и над 65 години ја изучува и оживува македонската народна традиција. Во КУД “Илинден“ се зачленив 1966 година, што значи тука сум повеќе од 55 години со тоа што 4,5 години не бев активен. Денес сум раководител на КУД “Илинден“ имам соработка со кореграфите, уметничките директори и сите групи. Во ансамблот членуваат повеќе од 350 членови (350 -400) активно учествуваат во зачувувањето на македонските традиционални игри и песни поделени во групи. Главен фолклорен ансамбл, два мкладински фолклорни ансамбли и детски групи кои започнуваат на 7,8 годишна возраст. Добро е што овде покрај тоа што се ангажирани во друштвото учат, вежбаат, тие тука и се дружат, настрана се од негативни работи, лоши зависности. Оваа Поголем дел од нив завршуваат факултети, се образуваат. Тука во КУД Илинден има другарување, големи пријателства, но и бракови.Со доаѓањето на Антонијо Димитровски, за претседател, на КУД “Илинден“ доби еден нов лик, промоција на ансамблот и многу турнеи низ цел свет. Ќе набројам и други членови во КУД “Илинден“, потпретседател, Борче Димитровски, Александар Стефановски, уметнички раководител, Филип Јаковлевски, гардеробер, корепетиротите Никола Ангелковски, Никола Пецаковски, Филип Стефановски, Александар Георгиевски, Давид Балтовски, Милена Марковска, Вера Соклевска и стручните соработници Валентин Соклевски, Љупка Стефановска. Изведбите на нашите фолклорни ансамбли содржат голема вештина и талент исто како и моќ која обзема при нивната изведба.КУД „Илинден“ секоја година гордо го отвора најстариот и најзначаен фолклорен фестивал во Македонија, Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, со
изведбата на “Комитското”. КУД Илинден“ е ансамбл добитник на бројни награди на најзначајните и реномирани републички фолклорни фестивали, Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, Балканскиот фестивал во Охрид и на Фестивалот на народни инсрументи Пеце Атанасовски во Долнени. Исто така има гостувања на сите континенти, каде ги има презентирано Македонскиот фолклор и традиција со голем успех, што резултира со освојување на бројни награди и признанија.Награди, признанија…

-КУД “Илинден” во своето долгогодишно постоење е континуирано учесник на Меѓународни Фолклорни Фестивали, учествувал на над 150 меѓународни фолклорни фестивали низ целиот свет. Посебно мора да се издвојат Гран при во Монт-Дор, Франција (1971 година), Второ место во конкуренција на народни оркестри на меѓународен фестивал во Ланголен – В. Британија (1996), Второ место во конкуренција на изворен фолклор во Ланголен – В. Британија (1998), Сребрена секира на Меѓународниот фестивал во Закопане, Р. Полска (2008), Награда за најдобар оркестар на Меѓународниот фестивал Етновир во Лвив, Р. Украина (2009), Награда за најавтентична група на Меѓународниот фолклорен фестивал „Искеле” во Искеле – Р. Северен Кипар (2015), Втора награда од стручното жири на Меѓународниот фолклорен фестивал во Здунска Вола – Полска (2016). КУД „Илинден“ е добитник и на највисокото општинско признание – наградата 4 ти Ноември која ја доделува Општина Битола.За семејството

-Се разбира дека за се, особено за нас музичарите подршката од семејството. Сум отсуствувал од дома заради патувања и турнеи со КУД Илинден, но имав разбирање од мајата сопруга Блага и семејстото. Дали тргнаа по моите стапки во музиката? Синот Николче Наумовски се интересира за музика и репува, прави и песни. Тој ја направи рап песната за “Кронберг и Шуберт“. Прва генерација на Факулетот за царина и шпедиција. Работи во Кромберг и Шуберт. Ќерката Јасмина е психолог. Се гордеам на своето семејство. Сигурно е дака немаше да бидам вака витален, со голем ентузијазам ако не беа тие. А ентузијазмот е како на моите почетоци. Се чувствувам како да сум на почеток.Преку раскажувањето за себе, всушност се добива и пластична слика за растењето на КУД “Илинден“ и личностите кои поминале тука. Славе Наумовски – Чапче и во својата 75 година се наоѓа на почетокот и продолжува понатаму со својот кларинет да ги прати чекорите на играорците врз прекрасните звуци на македонската народна песна. Му посакуваме уште многу родендени да ги прослави во и заедно со членовите на КУД “Илинден“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »