Одбележувањето на големиот македонски празник Илинден, утрово во Битола започна со положување на свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата кај Центарот за култура и Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“.
Почит кон загинатите востаници, борци и дејци оддадоа Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници од општинскиот Совет, Сојузот на борци, пратеничката во Собранието на Македонија, Олга Лозановска, заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, како и претставници на политичките партии.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, испрати честитка до сите граѓани, посакувајќи сите генерации кои доаѓаат, преку соработка, разбирање и толеранција, да продолжат да се залагаат за напредок на македонската држава, негувајќи го споменот и достојно почитувајќи ја заложбата на Илинденците од пред 121 година и значајниот придонес на АСНОМ од пред 80 години.

Со полагање цвеќе на споменикот на Илинденците и на Револуцијата одбележан Илинден во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





