Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: карцином на простата

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за карцином на простата, за што вели:-Карцином на простата е втор по смртност карцином кај машка популација над 60 годишна возраст. Растот на туморот го забрзуваат андрогените а го инхибираат естрогените хормони како и зголемениот внес на мрсна храна од животинско потекло. Најчесто хистолошки тип  во 95% е аденокарцином, при преминувањето на карциномот вон капсулата води до зголемување на кисела фосфатаза во серумот на болниот додека при зголемување на алкалната фосфатаза карциномот веќе метастазирал во коските.

Клинички почетно карциномот на простата е асимптоматски,потоа доаѓа до намален млаз на урина поради обструкција на уретра со развивање на бубрежна инсуфициенција појавување на крв во урина со  супрапубична болка, при ректално туше има нерамна по конзистенција зголемена простата безболна, болки во долен дел од  рбет и колковите при метастазирање во коските.

При дијагностицирање има улога ДРП,л абораториски анемичен синдром и зголемен тумор маркер -PSA,честите уринарни секундарни инфекции ехо прегледот на уринарен тракт и тенкоиглена биопсија на простата, ретко со МРИ или КТ на простата.

Лекувањето е во зависност од стадиумот на карциномот со хируршка ресекција во ран стадиум на локализираност на туморот или со радиотерапија и хемотерапија со антиандрогена хормонска терапија кај напредни стадиуми на болеста каде неможи да има хируршка интервенција.

More from СоветиMore posts in Совети »