Денес во ресторанот “Голд Фелициа“ во Битола започна големиот меѓународен шаховски турнир во забрзан шах “Голд Фелициа 2024“ со вкупно 118 шахисти од сите клубови од Македонија и странски играчи од Грција, Србија, Франција, Индија, Албанија, Косово…
Турнирот за отворен го прогласи шахистот Зоран Попчевски, кој рече:
-Посебно се радувам на бројот на учесници од повеќе земји, а покрај квантитетот ќе имаме и квалитет. На овој турнир во забрзан шах ќе имаме можност да гледаме како играат мајсори, велемајстори, но и шахисти со голем рејтинг. Секако, мора да споменеме дека имаме одлично услови кои ги даде ресторанот “Голд Фелиција“ и одговори на сите наши барања, во однос на техниката каоја ја имаме целосно на располагање.
Водителот Никола Пројчевски на сите учесници во име на организаторот “Голд Фелициа“ им посака одличен турнир, со големи награди за победниците, а нагласи дека организаторите посебно ги радува што на турнирот учестуваат млади шахисти од четирите битолски клубови.
Турнирот ќе се игра во девет кола, без пауза, освен за ручек, а прогласувањето на победниците ќе биде околу 18 часот.
Како ќе одвива турнирот сите учесници ќе имаа можност да гледаат на https://chess-results.com/, каде ќе бидат и соопштувани и паровите.

Во Битола започна меѓународниот турнир во шах “Голд Фелициа“ со 118 учесници (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер
More from СпортMore posts in Спорт »
- Младинците на Еурофарм Пелистер подготвени за младинската Лига на шампиони, прв испит данскиот Алборг
- Пријателски натпревар на младинците на Еурофарм Пелистер и врсниците од Охајо во Битола (фотогалерија)
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Кошаркарите со порака: победа над Гостивар како императив










