ЈКП “Водовод“ Битола известува дека во текот на утрешниот ден 08.08.2024 (четврток), поради реконструкција на водоводната мрежа на ул. “Бурса“, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од тој дел на градот (Фрижидери, Металец, Пивара и Квасара).
Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу реконструкцијата.






