Press "Enter" to skip to content

Интервју: маестро Горан Бојчевски од Битола – кларинетист и композитор: мило ми што после 20 години ќе настапувам во мојот роден град Битола и чувствувам трема и голема одговорност (фотогалерија)

Жанета Ристевска

-Македонската музика буди посебни чувства, насекаде каде настапувам во светот ја чувствуваат без оглед на раса, нација… ќе кажам една случка од многубројните  настапи низ светот. Кога во еден кафе бар во Париз пред концерт во Нотр дам со групата “Тера Фолк“ спонтано  ја засвирив на кларинет “Елено, ќерко Елено“ , со очи затворени. Кога ги отворив, видов еден жена црнкиња со дете во раце седеше одспротива мене, слушајќи ја музиката солзте и се слева ниаз образите, не можеше да ги запре, плачеше без претходно и да ја познава или ја има чуено музиката…  

-Мило ми е што после 20 години настапувам, во Битола со концерт “Балкан Нуево“ заедно со Матија Дедиќ пијано и уште двајца музичари, а морам да кажам дека имам голема трема, што доаѓа од одговорноста да се настапува во својот роден град.Вака ни зборуваше низ разговорот, каде ако не на Широк Сокак во Битола, во кафулето “Пајтон“, маестро  Горан Бојчевски магистер кларинет и композитор кој потекнува од Битола,а  живее во Словенија. Критичарите го вбројуваат во еден од најдобрите кларнетисти во светот. Прв кларинетист на Љубљанската Опера и балет станал уште на 23 годишна возраст.

Покрај што настапува со својот кларинет насекаде низ светот, тој компонира музика во чија основа е македонската традиционална музика која ја носи во своите корени. Разговорот го направивеме после пробата за својот концерт во Битола насловен “Балкан Нуево“ кој се одржува вечерва  9 јули на платото  пред Офицерски дом Битола.Во неговата биографија стои: 

Магистер Горан Бојчевски маестро на кларинет,но свири и на саксофон, кавал, фрула, ерменски дудук. Горан Бојчевски магистрира на признатиот Моцартеуму во Салцбург со највисока оцена cum laude во класата на светски познатиот професор Алоис Брандхофер, први кларинет на берлинска филхармонија.Во тој период по препорака на неговите професори започува и да компонира.

Композитор кој создава : авторска, музика за филмови, реклами, балет, и напишал ја комплетната суита “Балкански портрети“, која ја снимил во соработка со симфонскиот оркестар на РТВ Словенија. Тој е основач на нов музички стил “Балкан нуево“, кој црпи инспирација од неговите Македонски корени и ги модернизира со елементи од класичната и танго музика.

Неговите композиции се изведуваат на различни универзитети низ светот, особено на Моцартеум во Салцбург.  Се изведуваат и низ Европа, САД и Азија, односно целиот свет. Добитник е на “Цељски грб“ (највисоко признание) за извонредни постигнувања на MOЦ во 2018 година во Словенија. Истата година ги распродал сите концерти низ Европа, како и познатата Галусова сала во Љубљана. Со успешниот балет “Дервиш и смрт“ со негова авторска музика ја наполнил концертната дворана Лисински во Загреб. Успешно настапува на сцени низ Европа и соработува со најголемите музички имена од Балканот – Џибони, Рибља Чорба, Влатко Стефановски, Симон Трпчески, Сидхарта рок груп , Амира Медуњанин, Ацо Пејовиќ, Владо Креслин и многу други…

Неговата приказна ја започна вака:За себе…

-Роден сум во Битола завршив основно училиште,учев нижо музичко и потоа продолжив на Државното средно музичко училиште во класа на професорот  Панде Татарчевски, инструмент кларинет. Тоа е мој прв инструмент иако свирам и на други, но „љубов на прв поглед“ ми е кларинетот.  Музиката ми е во гените дедо ми Илија свиреше хармоника. Но покрај талентот мора да се вложи уште многу работа. Јас многу се вложувам во музиката, секогаш се трудам да го достигнам својот максимум.

Факултет за музика

-Потоа се запишав на Факултет за музика (Академија за глазба) во Љубљана Словенија во класата на професорот Славко Боричев  еден од најдобрите кларинетисти во Словенија и од кого научив многу. Откако успешно ја поминав аудицијата, станав прв кларинетист на Љубљанската Опера и балет на  22 годишна возраст.

@bojcevskigoran

#acopejovic #ohrid #macedonia #ljubav #bojcevskigoran #goranbojcevski #bojcevski #toma #serbia #balkan #clarinet #klarinet #amazing #solo #performance

♬ original sound – bojcevskigoran

Во меѓувреме се приклучив во една многу популарна словенечка група „Tera Folk“која свиреше етно музика. На BBC World Music  добивме World music award награда за етно музика. Со нив го пропатувавам патувавме цел свет. Скоро 8 години бев член на таа група од свои 20- 28 години.

@bojcevskigoran

#famous #best #oneandonly #csardas #monti #liveforthechallenge #music #musica #muzuka #soul #romantic #bestoftik #clarinet #musicians #musiciansoftiktok #bojcevski #goran #bojcevskigoran #klarinet #klarinette #balkan #tiktok #classic #serie #macedonian #hungarian #italian #europe #bestteam #accordion #guitar #yes

♬ original sound – bojcevskigoran

Така започнав да живеам во Словенија, таму  ја запознав и својата сопруга. Такви биле приликите да останам, но носталгијата е во душата. Јас ја преточив во моите композиции кои ја имаат во основата македонската народна песна.Магистерски студии

-Завршив на еден од најпрестижните факултети за музика Моцартеуму во Салцбург со највисока оцена во класата на светски познатиот професор Алоис Брандхофер(први кларинет на берлинска филхармонија Во текот на студиите по препорака на моите професори започнав да компонирам музика. Напишав 3 композиции за  Салцбуршката филхармонија кои се изведуваа и тоа ме мотивира да продолжам во тој правец. Потоа следеа уште други композиции за балет, од кој најпознат е „Дервиш и Смрт“која имаше репризи и над 35 успешни изведби низ Хрватска. Изведба пред преполна  концертната дворана Лисински во Загреб.Во основата на мојата авторска музика лежат ритмите на нашата традиционална македонска музика, која  е богата со ритмови 7/8, 9/8,13/8. За мојот магистерски труд композицијата беше во 19/8 ритам. Сите беа воодушевени од таа композиција. Потоа продолжив да пишувам и филмска музика, но сепак главно се занимавам со концерти и мојата прва љубов кларинетот, иако на концертите свирам на саксофон и тоа алт и сопран, кавал, фрула, дудук. Свирам класична музика, џез, етно музика.За вечеашниот концерт Горан Бојчевски и Матија Дедиќ – Балкан Нуево

-Наш самостоен концерт со квартет музичари –   јас на кларинет, саксофон, кавал со колаж од моја авторска музика, неколку македонски преработки. Матија Дедиќ на пијано и уште двајца музичари од Словенија.  Матија е од Загреб Хрватска емотивен пијанист, единствен на овие простори кој ја негува и продолжува традицијата на неговиот татко  музичарот Арсен Дедиќ кои со неговата сопруга Габи Новак оставиле неизбришлива трага во музиката на овие простори. Битола како град на клавирите заслужува еден ваков концерт. Затоа ќе се заблогодарам на Општина Битола што не поканија да бидеме дел од Битолско културно лето и да настапиме со овој концерт „Балкан Нуево“. Тоа е нов музички стил кој  го создадов низ моето музицирање, а црпи инспирација од македонски корени и претставува микс со елементи од класичната и танго музика. Ритмовите се измешани.После 20 години настапувам пред публиката во Битола,не знам кои се причините зошто тоа е така, не сум добил покана до сега. Затоа чувствувам голема одговорност, трема имам.  Секој музичар така се чувствува кога настапува дома. Се надевам дека ќе има и други покани за  концерти во Битола, бидејќи со задоволство ќе дојдам и испочитувам битолската публика, која знае што е добра музика и е критична.Маестро Горан Бојчевски е еден од музичарите кој ги вткајува богатите ритмови на македонската традиционална народна музика заедно со своите носталгични чувства во композиции кои се шират низ целиот свет. Успехот лежи во емоцијата која ја пренесува до оние кои ја слушаат, емотивно ја доживуваат и уживаат во истата. 

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »