Press "Enter" to skip to content

Со 7. музички фестивал на староградска музика и годинава ќе се враќа духот на чаршијата во Битола

Старата чаршија во Битола било местото на еснафот на градот, местото каде што денес во Битола е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, местото каде само во Битола делумно сочуван дух на 16  и 17 август ќе се одржи 7. фестивал на Староградска музика.

Одлична староградска музика, малку Македонски шлагери ќе бидат приоритет за сите, заедно да го вратиме духот на битолската чаршија, каде е историско наследство, каде се  многуте приказни кои се раскажувале некогаш кои се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик…

Петок 16 август, 21,30  часот.

“Битолски тамбураши“, група “Деспина“, Тамара Стојковска, Николче Зацески и Бојан Стојков.

Сабота 17 август, 21,30 часот.

Група “Боеми“,  Тамара Стојковска, КУД Илинден“ и Нино Величковски.