Press "Enter" to skip to content

Тамара Стојковска, млада музичка ѕвезда од Битола – експериментирам со жанрови и знам да се пронајдам во стилови, генерално ме препознаваа со балади (фото)

-Првиот допир со музика и сцена го имaв на 7 години, 2004 година, тоа беше настап на Детскиот фестивал “Тра,ла, ла“ во Битола и малку чудно за сите, но славам свој јубилеј 20 години од мојот прв настап на сцена. Настапив со детската песна „Сестричка“и тоа беше моментот дека сакам да сум на сцена. Така започнав.Вака го започнавме разговорот со младата пејачка Тамара Стојковска, а повод неодамна промовираната песна „Подобро заслужувам“ која само за неколку денови наиде на многу добар одзив кај публиката.Тамара Стојковска има 28 години но во својата музичка кариера, учество на детски фестивали од најмала возраст, член на хорови “Ѕвончиња“, “Стив Наумов“, “Драган Шуплевски“, “Про Арс“, Женски хор при МКЦ, учествува на музички настани со Камерниот оркестар IWconect „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше во Битола, Скопје и Струмица Опен, учество на „Фестивалот за староградска музика“, дел е од македонската клубска сцена, има свои авторски песни. Препознатлива по балади, но со последните свои проекти стилски различни „Не е до мене“, и неодамна промовирана „Подобро заслужувам“ потполно го открија нејзиниот талент за музика, но и нова енергија и харизма.Започна за себе

-Од најмала возраст сум со музиката, прв настап на Детскиот фестивалот Тра,ла,ла 2004 година, кога настапив со песничката „Сестричка“ тоа е моментот кога увидувам дека сакам да сум на сцена и мојот прв вистински допир со сцена и се што се случуваше околу неа. Учев основно училиште во „Гоце Делчев“, но напоредно се запишав нижо музичко училиште. После тоа го продолжив образованието во Државното средно музичко училиште. Во меѓувреме бев дел на сите музички настани во Битола како детски фестивали и други музички настани како член на десткиот хорот „Ѕвончиња“, „Мелодиум“со диригент Марина Коруновска, потоа хорот „Стив Наумов“. Така се изградуваав музички насочувана од моите наставници најпрво од наставничката до петто одделение, а потоа и наставниците и професорите по музичко образование во основно и средно образование.

-Бев дел од театрот „Дел арте“на Димитар Захариев и Бојан Стојков со кои изведуваваме комедии кои беа на репертоарот. Но исто така изведуваваме детски театарски претстави. Енергијата во интеракцијата со децата која ја чувствував многу ме исполнуваше. Многу убави сеќавања ме врзуваат од тој период.Студии на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) Скопје

-Додека студирав напоредно учествував во хоровите „Драган Шуплевски“при ФМУ, професионалниот хор „Про Арс“ и Женскиот младински хор при МКЦ со кои раководи маестро Сашо Татарчевски. Најубавите години ги поминав како член во сите овие хорови, бидејќи љубовта кон хорскот пеење ми е во душата. Маестро диреигент Сашо Татарчевски како врвен музичар имаше големо влијание и ме оформи многу како музичар, иако и претходно одев на часово по соло пеење. Тука буквално вокално созреав.

Музички настапи како дел на клубската сцена низ Македонија

-Започнав како вокал во еден бенд во Скопје со свирки по клубови и станав дел на клубската музичка сцена. После тоа станав член на „Funk’d Up“ со кој настапувам како вокал веќе 5 години. Моментално настапуваме веќе активно на различни места низ цела Македонија, најчесто преку викенди. Напорно е, но многу ме исполнува.Авторска музика

Паралелно со овие настапи со „Funk’d Up“ пишувам и авторска музика. Прва моја песна „Друга Звезда“ која излезе во 2019 година во соработка со битолчанецот Давор Нечак успешен музичар во Загреб Хрватска. Песната е балада со текст на Јосип Гоцев многу поетична. Сакам да експериментирам со жанрови, стилови и ритмови во музиката, воглавном ме препознаваа со изведба на балади, но последните мои песни се друг жанр со фанк, диско ритмови. Од соработката со музичарот Коста Хаџикојчев произлегоа последните мои три проекти „Што ќе остане“ „Не е до мене“ и „Подобро заслужувам“
Првата „Што ќе остане“ излезе во 2023 година. „Не е до мене“ во февруари 2024 година.Последната „Подобро заслужувам“ пред неколку денови и наиде на многу добар прием. Веќе има многу прегледи и ја препознаваат. Музиката, аранжманот и текстот се на Коста Хаџикојчев. Снимени се во “Kosta H records“. Видео спотот е на “Pinestel“, Ѓорѓи Вацев камера. Кореографијата е на Ариана Амзаи. Спотот е снимен во “Specialty Coffee & Utopia“ чии ентериерите се интересни и ја надополнија атмосферата за спотот. Секако и девојките кои учествуваат во спотот Анастасија Трајковска, Вера Тошева, Марија Пуплиевска,Ариена Амзаи, и Ана Марија Петровска пренесоа многу позитивна енергија, како што се и самите тие самосвесни со самодоверба.За семејството

-Можам да кажам дека имам голем поддршка од моето семејство, уште од почетоците на мојата кариера. Моите биле тие кои го насочувале мојот талент во правилна насока. Ме однеле на аудиција, одбрале песна, ме подготвувале за настап уште од најмала возраст. Од тогаш до ден денес е така. Многу музичари најчесто ја немаат таа поддршка, во смисла им кажуваат дека тешко е во музичките води, оди во некоја посигурна професија. Семејството со голема љубов ми давале и биле ветар во грб. Во последните мои песни на снимањето на сетовите тие ми беа цела логистичка поддршка, бидејќи зад мене не стои музичка продукција. Мајка ми Кети се погрижи за облеката, таа и учествуваше во спотот „Не е до мене“, татко ми Влатко и брат ми Јован беа тука за се додека се снимаа спотовите. Нивната љубов ми дава сила за да издржам.Тамара Стојковска со својата ненемтлива убавина, спонатаност, скромност плени. Таа нејзина енергија ја пренесува во нејзините песни и спотови. Со последните песни таа станува нова македонска музичка ѕвезда и го освојува музичкото небо.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »