Битола и цела Македонија деновиве доживува интензивен топлотен бран, а ЈП “Комуналец“ од Битола претпријатие спроведе акција за делење бесплатни шишиња со вода како поддршка на жителите на градот. Директорот на ЈП Комуналец Битола, Горан Степановски лично ја водеше дистрибуцијата на вода на различни пунктови низ Битола, при што рече:
-Оваа акција е мал гест кој лично го иницирав, сакајќи да покажеме грижа едни кон други. Не се паметат толку топлотни бранови во континуитет, ова е едно од најжешките лета во последната деценија. Како јавно претпријатие, во неколку наврати спроведовме акција за поддршка на нашите сограѓани за време на овие топлотни бранови.
Бидејќи според прогнозите жештините се уште не покажуваат знаци дека ќе престанат, овој потег на “Комуналец“ нека служи како потсетник за важноста да се остане хидриран, а од друга страна на потребата како совесни битолчани да внимаваме еден на друг во вакви вонредни услови.

ЈП “Комуналец“ Битола поради жештините подели шишиња со вода за битолчани
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





