Press "Enter" to skip to content

ЈП “Комуналец“ Битола поради жештините подели шишиња со вода за битолчани

Битола и цела Македонија деновиве доживува интензивен топлотен бран, а ЈП “Комуналец“ од Битола  претпријатие спроведе акција за делење бесплатни шишиња со вода како поддршка на жителите на градот. Директорот на ЈП Комуналец Битола, Горан Степановски лично ја водеше дистрибуцијата на вода на различни пунктови низ Битола, при што рече:-Оваа акција е мал гест кој лично го иницирав, сакајќи да покажеме грижа едни кон други. Не се паметат толку топлотни бранови во континуитет, ова е едно од најжешките лета во последната деценија. Како јавно претпријатие, во неколку наврати спроведовме акција за поддршка на нашите сограѓани за време на овие топлотни бранови.Бидејќи според прогнозите жештините се уште не покажуваат знаци дека ќе престанат, овој потег на “Комуналец“ нека служи како потсетник за важноста да се остане хидриран, а од друга страна на потребата како совесни битолчани да внимаваме еден на друг во вакви вонредни услови.