-Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ ја организираше тринаесетата меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“ која се одржа од 9-ти до 11-ти август 2024 година. Манифестацијата беше реализирана во рамки на годинешното Битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“.
Отворањето на манифестацијата се одвиваше во ЈОУ Културен и информативен центар – Битола, во свечената кристална сала на Офицерски дом, каде беа доделени традиционалните годишни награди за македонски писатели, и за достигнување на автор од странство, и беше организирано нивно книжевно претставување.
Добитници на наградата „Книжевен круг“ за 2024 година се: Виолета Танчева-Златева (за поезија), д-р Марјан Патлиџанковски (за критика и книжевна историја) и Михајло Свидерски (за проза). Наградата „Лингва“ за книжевен превод и афирмација на македонската и странската книжевност им беше доделена на писателките Весна Мундишевска-Велјановска и Даниела Андоновска-Трајковска.
Писателот Никола Шимиќ-Тонин од Република Хрватска е добитник на наградата „Мозаик“ за странски автор, додека наградата „Поетски исчекор“ ѝ припадна на Елизабета К. Питулкова. Наградите ги врачи доц. д-р Зоран Пејковски, претседател на „Битолскиот книжевен круг“, а модератор на настанот беше Милица Д. Радевска. Книжевната атмосфера ја надополнија Давид Стојчевски и Димитриј Стојчевски со впечатлив музички перформанс, изведба на класична музика.
Активности од манифестацијата се одвиваа и во археолошкиот локалитет „Хераклеа линкестис“ чиј раскошен амбиент беше вдахновение за поетски настап на поетите кои учествуваа на манифестацијата.
Во рамките на тринаесетата меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“ беа промовирани и двете најнови изданија (број 29 и број 30) на „Раст“ – списанието за книжевност, уметност и култура на „Битолскиот книжевен круг“.
Гостите кои учествуваа на манифестацијата беа запознаени и со бројните убавини на Битола, а имаа можност да разменат свои книги и да споделат видувања за случувањата во книжевноста кај нас и во светот.
На сите учесници на манифестацијата им беа доделени сертификати за учество.

13. меѓународна манифестација “Битолски книжевни паметења“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ние сме со тебе и кога губиме, и кога водиме, ЌЕ ТЕ БОДРИМЕ! (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер поразен на свој терен во Битола, Вардар сам одлучува за титула (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: прославен 17 март, Денот на Црвениот крст и денот на крводарителите (фотогалерија)
- СВР Битола: жител од Долно Оризари нападнат од лице од Кажани
- Александар Стефановски, претседател на ФК Пелистер: во моменти кога тимот се бори за секој прволигашки бод, обидите за дестабилизација не се во интерес на клубот
More from КултураMore posts in Култура »
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“










