Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: значење на селенот во превенција и лекување на болести на тироидна жлезда

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборуваше за значење на Селенот во превенција и лекување на болести на тироидна жлезда, за што вели:

-Селенот е микроелемент потребен за човековото здравје, ниското ниво во крвта води до неколку хронични заболувања како хипертензија, коронарна болест и артериосклероза, астма, дијабетес, неправилно функционирање на тироидната жлезда, малигноми. Селенот е најприсутен во тироидната жлезда соодветно најзначаен за нејзина нормална функција. Нутритивната улога на селенот е во градба на селенопротеини како глутатион-пероксидазата која е значајна за антиоксидативни процеси и имунолошки процеси и тироксин-редуктазата која има улога во транскрипција и трансдукција при формирање на тироидни хормони како и тријодтиронин дејонидаза.

Во различни држави во зависност од храната и начинот на живот има различни недостатоци на селен. Него го има во сирење, млеко, јогурт, свежо овошје, зеленчук, особено во риба, месо, леб, грав, лешник, бразилски ореви итн.

Недостатокот на внес на селен води до хипотироидизам, автоимун тироидитис, струма или гушавост. Внесот на селен преку суплементи води до намалување на антитела кон тироид пероксидазата и тироглобулинот, а со тоа и до подобрување на состојбата кај тироидитис на хашимото.