Синоќа се одржа втората, завршна вечер на “Фестивалот на староградска музика и вино“ кој викендов се одржа во Старата битолска чаршија во Битола. Вечерта помина во одлична атмосфера, а сите гости понесени од звуците на музиката, на нозе ја завршија со пеење на песните посветени на Битола…А, за тоа оваа втора вечер да остане во сеќавање на присутните битолчани кои беа во Старата чаршија во Битола, пред “Малиот битолски монмартр“ се погрижи групата “Боеми“ заедно со Тамата Стојковска, Нино Величковски и КУД “Илинден“.Амбиентот на старата битолска чаршија во Битола, повторно се исполни со звуците на староградска музика, народни песни и оние обнародени, кои некои синоќа со право ги нарекоа “битолски шлагери“.Присутните заедно со изведувачите ги пееја цела вечер и песни од целиот Балкан, нови хитови, стари песни…
Манифестацијата „Фестивал на староградска музика“ се одржува во Битола, шеста година по ред, а организаторот сака на еден поинаков начин начин да го врати сјајот на битолската чаршија.Многу битолчани, а и оние кои живеат и работат во странство – додјени летови во Битола, сакаат се присетат на еден период поточно во 80-90 години, кога тука беа кафулината, а повозрасните на некое друго подалечно време, кога тука беа занаетите, кафаните…. А старите улиците беа корзо и шетање.Потребни се повеќе манифестации, со различни содржини, со кои би се вратиле традициналните и културни вредности кои ги поседува оваа чаршија, а секако и градот Битола.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска