На 18.08.2024 во 01.00 часот на ул. „Прохор Пчински“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 21 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.08.2024 во 21.25 чaсот во СВР Битола, А.Е. (33) од Битола пријавил дека на ул. „Филип Втори Македински“ бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.08.2024 во 19.50 часот во СВР Битола, Х.Г.(20) од село Бучин пријавил околу 15.30 часот на работното место во РЕК Битола бил физички нападнат од неговиот колега. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.08.2024 во 21.05 чaсот во СВР Битола пријавил дека околу 18.00 часот во село Лера бил физички нападнат од лице од Цапари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.08.2024 во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 14.08.2024 до 17.08.2024 на ул. „Кузман Јосифовски“ со спреј била исчкртана и оштетена портата од заштитната ограда и информативната табла на џамија во изградба. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.






