Денес, понеделник, 19 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 30 степени. UV=6.
Утре, вторник, 20 август, во Битола времето ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Температурата во Битола до 29 степени. UV=6






