
Imanuel Kant тврдел: лагата е секогаш штетна, не само за другите, туку и за нас самите, бидејќи го расипува нашето достоинство и ја нарушува нашата доверба на која се градат човечките односи.
Со лажење ја нарушуваме довербата која е основа на меѓучовечките односи.
Разбирањето на последиците и причините зад нашите лаги Можат да ни помогнат да се соочиме со сопствените вистини и да негуваме поавтентични односи со другите личности
Има повеќе причини за тоа – зошто лажеме:
Да ја избегниме последицата која доаѓа после вистината
Еден од најчестите причини зошто луѓето лажат е да ги избегнат последиците кои произлегуваат за изнесување на вистината. Било да е во прашање грешка на работа, неуспешна врска или финансиска грешка, страв од соочување со негативен исход може да доведе до неискреност. На пример Можете да лажете да не ја изгубите работата, вознемириле пријатели или ризикувале развод.
За да избегниме болка, ние се определуваме за лаги, користејќи ги како привремен штит од последиците на нашите постапки.
Нашите лаги не ослободуваат од одговорноста и ја менуваат сопствената перџепција за тоа кои сме. Но исто така можеме да се доживуваме себеси како слаби личности, избегнувајќи ја одговорноста на своите постапки.
Да не ги повредиме чувствата на другите
Можеби веруваме дека ги штедиме нечии чувства со тоа што не кажуваме дека јадењето на е вкусно пресолено е.., дека облеката не им стои баш најдобро. Дека не сме заинтересирани за нивното друштво. Со ова ја избегнуваме сопствената непријатност во тешки или непријатни ситуации. Треба да знаеме дека со лажењето пропуштаме вистинско поврзување други личности. Тоа го ограничува степенот на интимност за било која врска.
Лажењето заради други е уште еден честа причина за неискреност.
Често лажеме за да заштитиме некој друг од соочување со последиците на неговите постапки. Било да се тајна на член на семејството, овие лаги ги рационализираме како дела на лојалност или љубов, работи за прикривање на грешките на пријател или
прикривање на вистината. Меѓутоа заштитвујќи ги другите од последиците на нивните постапки, можеме ненамерно да им овозможиме да избегнат одговорност.
Лагата често е одбранбен механизам чија цел е да ја зачуваме нашата слика за себе.
Ги лажеме не само другите. Туку и себеси претварајќи ги нашите постапки во склад со нашиот морал и вредности. Со тоа се залажуваме себеси, а тоа ни овозможува да го задржиме чувството на самопочитување, дури и кога нашите постапки тоа не го заслужуваат. Ова самозалажување ни овозможува да го задржиме чувството на самопочитување, дури и кога нашите постапки не заслужуваат.
Со лажење се обидуваме да ги ускладиме своите постапки со сликата на она во што веруваме дека сме.
Препознавање на природа на лажењето може да не зајакне почесто ја бираме вистината како во интеракциите со другите, така и со нас самите, без оглед на тоа колку лагата се чини безначајна. Запомнете, не се работи само за лага сама по себе – туку и за тоа како лагата може да влијае на вашиот карактер и чувство на идентитет.
Фридрих Ниче еднаш рекол: не сум вознемирен што ме лажеше, вознемирен сум што од сега па понатаму не можам да ти верувам.






