Општина Битола продолжува со реализација на предвидените проекти, во насока на подобрување на инфраструктурните услови. Денес, започна асфалтирањето на улицата „15 ти корпус“ во населбата Недопирливи. Претходно во оваа населба заврши реконструкцијата на улиците „Милтон Манаки“, „Сотир Брбевски“ и „12 кладенци“.
Градежните активности продолжуваат и на улицата „Стив Наумов“, каде се асфалтираше на потегот од улиците „Стево Патако“ до „Христо Ботев“ во должина од 160 метри, каде се поставени и 44 приклучоци за вода и 44 приклучоци за канализација. Со завршувањето на овој потег се продолжува со следната фаза од реконструкција на улицата „Стив Наумов“, така што деновиве ќе започнат работните активности на потегот од улицата „Христо Ботев“ до улицата „Пецо Божиновски“.

Општина Битола: асфалтирањето на улицата “15 ти корпус“ и дел од “Стив Наумов“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





