На 21 август, “Архитектон дизајн“ Дооел Битола го прослави својот 4 роденден.
Нивните дејности се: изработка на проектна документација, надзор над изградба на градби, внатрешен дизајн и 3D визуелизација.
Менаџерскиот тим во овие 4 години постоење, како позначајни ги потенцираше следните проекти:
-Проект за Станбена зграда со атриумски простор со 140 станбени единици деловен простор и простор за заедницата,
-Проект за смарт центар за социјална инклузија на ранливи категории – фарма и градина со површина од 1 хектар,
Проект за мултифункционален објект со трговски содржини, деловен простор и домување со кровни зелени тераси и заеднички простор за социјализација,
-Надзор над изведба на фотоволтаични електрани со моќност од 20 MW.
Со констатната мотивација, посветеност, напорната работа и бескрајна креативност тие изградија силен тим кој се издвојува од останатите со слична или иста дејност. На прославата беа доделени пофалници за нивниот придонес во растот и развојот на “Архитектон дизајн“.
Во моментов нивното портфолио брои илјадници задоволни клиенти, голем број на проекти како со приватни така и државни инвеститори, со кои ретко кој може да се истакни.
Текст: Н.С. и С.Д.
Фото: Архитектон дизајн






