Спорстските работници од Битола предвдени од гимнастичарите од Битола, поранешни гимнастичари, професори тренери по гимнастика, Општинскиот сојуз на училишен спорт со голем револт реагираат дека досегашниот закупец на “Соколаната“ кој зема од објектот и справи кои не се негови и биле во гимнастичката сала пред 2005 година.
Тие бараат да се заштити имотот на општината и да не се унуштува она што било во објектот пред давање под закуп, бидејќи Љупчо Арнаудов како претседател на Гимнастичката федерација се зема со него иако во салата кога ја зеде имаше клубски справи, кои биле набавени пред да дојде во Битола.
Од фотографиите кои ни се испратени се гледа дека дека се уништува имотот на општината, а за што и реагираат тие откако започна да се спроведува извршување.
Од Општина Битола потбрдуваат дека согласно донесеното решение од Апелациониот суд, извршителот ќе постапува денес, со што општината ги враќа назад објектите и дека Општината утрово го презеде објектот оти закупецот го реиздаваше, а во исто време ненавремено ги регулираше обврските кон Општината. По одлуката за извршување, Општината спречила да се демолира објектот во обидот да се испразни, оти се корнеле врати и прозори, дури имало и обид да се откорни и паркетот.
Поранешната битолска “Соколана“ е комплексот кој се простира на површина од над 10.000 квадратни метри, спортски објект од 992 м2, познат како ДТВ “Партизан“, како и дворно место од 8.399 м2, спортското игралиште за мали спортови, паркингот, детскиот забавен дел, тениското игралиште, дуќаните што излегуваат на улица “Партизанска“ и други објекти, дадени под кирија уште во 2005 година.

Поранешни гимнастичари, професори и тренери по гимнастика, Општинскиот сојуз на училишен спорт револтирани од земањето на справи од страна на закупецот и уништувањето на салата
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Ќе биде дерби во Битола – влезниците распродадени за неколку минути, прва битка за титула
- Еурофарм Пелистер утре во 13,30 часот ги пушта во продажба билетите за дербито со Вардар






