-Битолчани и нвните гости во Битола синоќа ги забавуваа “Куку леле“ , IWC КАМЕРЕН ОРКЕСТАР МТВ хитови со : Дани Димитровска, Полина Тасева, Ирена Димовска – Памперс, Елена Васова, Наталија Маневски, поп рок хор “Битвокс“, “Еmotion bend“ и Никола Зацески.Синоќа 12-тата по ред „Бела ноќ“ докажа дека Битола и Широк Сокак се најубави во сјајот на бела боја. Од плоштадот “Магнолија“ погледот кон Широк Сокак обоен со бели балони и дрес код бело во прекрасната летна ноќ синоќа беше спектакуларен.Македонски артисти и ѕвезди настапија на првата вечер на манифестацијата „Бела ноќ“ – Широк Сокак во бело.
Добра забава, расположение, позитивни чувства се будат како асоцијација за „Бела ноќ“во Битола која традиционално се одржува веќе 12 години. Атмосферата на првата вечер од Широк Сокак може само да ја опишат оние кои се забавуваа на Бела ноќ до раните утрински часови.Забавата започна со Емоушн бенд кои на почетокот од вечерта ја загреваа затмосферата. За да продолжи со настап на битолчанецот Никола Зацески кој изведе хитови од македонска забавна и поп музика.
IWC КАМЕРЕН ОРКЕСТАР настапи со MTV hits и артистите : Дани Димитровска, Полина Тасева, Ирена Димовска – Памперс, Елена Васова, Наталија Маневска… Поп рок хор БИТВОКС.Публиката која ги обожава хитовите од 80 и 90 години пееше во еден глас со нив. Бендот КУКУ ЛЕЛЕ како ѕвезди на вечерта со своите добро познати хитови ја подигнаа атмосферата до максимум.Организаторите за овогодинешното издание на „Широк Сокак во бело“ изјавија:-Оваа година нов концепт на манифестацијата „Бела ноќ – Широк Сокак во бело“. Плоштадот Магнолија за прав пат беше локацијата и центарот на збиднувањата, каде што Битола ја прослави својата култура, уметност и традиција под светлината на ѕвездите и сјајот на белата боја. Оваа година на Бела ноќ настапија македонски ѕвезди, артисти кои ја забавуваа до доцна во ноќта.Камерниот оркестар ја воодушевуваа публиката повторно, а со него ќе настапија Дани Димитровска, Полина Тасева, Ирена Димовска – Памперс, Елена Васова, Наталија Маневски, а на сцената се појави и поп рок хорот “Битвокс“.
Денес, сабота 24 август, е втората вечер е посветена на најмладите битолчани со специјално подготвена програма. Така манифестацијата продолжува на платото пред Офицерскиот дом. Таму, од 19 до 21 часот, ќе се одржи специјална детска програма. Овој дел од настанот е посветен на најмладите за кои се подготвени голем број изненадувања, а тоа се детски креативни работилници, забава со детски ѕвездички.Тие ќе можат да учествуваат во разни креативни активности, игри и перформанси, создавајќи незаборавни спомени во знак на белата ноќ. Планиран е детски хепенинг со СИ-ДО ѕвездичките, училиште за кловнови и магионичари, маскоти, музички перформанси на децата од градинките “Мајски цвет“ и “Пролет“.-Ова е новина на оваа 12. манифестација „Широк Сокак во бело“ која се надеваме ќе стане традиција и ќе ги израдува сите родители кои ќе се забавуваат со своите најмили на Широк Сокак во бело, порачуваат организаторите.
Жанета Ристевска