-Фудбалерите на Пелистер од Битола новата сезона 2014/15 ја започнаа со победа над екипата на Хоризонт и порази од Вардар и Металург на домашен терен во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарсрво.-Конкретно за натпреварот со Металург, Пелистер ја имаше контролата на натпреварот и не му дозволуваше на противникот да создаде своја игра, но во 45. минута од првото полувреме беше совладан голманот Пашовски. Во второто полувреме Пелистер го засили нападот, а во 80. минута од натпреварот, Миленковски од 11 метри откосо ја погоди гредата на противникот.Во продолжението на акцијата топката се одби на 10 метри, Ристевски биеше силно, но Ефремов повторно интервенираше, како и по обидот на Ступиќ со волеј под
речката, но гостинскиот голман повторно одбрани, вели Миновски, за тоа што стои во неговиот новинарски бележник за оваа средба.Тогашниот тренер на Пелистер, Марјан Секуловски рекол дека не заслужиле пораз со 6-7 стоотстотни шанси за гол,а најголемиот наш проблем во овој момент е состојбата во клубот, на кој му претстои црна иднина на клубот, а тоа било многу честа појава во клубот во изминатите триесетина години, потенцира Миновски.Инаку, тогаш, проблем тогаш беше сопственоста на клубот, се уште немало одлука за нова сопственичка структура на Пелистер, а сите надежи дека тоа ќе се случи се дека на наредната седница на Советот на Општината Битола ќе се расправа за тоа.
Деновиве пред 10 години: лош старт на фудбалерите на Пелистер во Битола и нерешена сопственичка структура (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: се одржа 35. по ред издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” во Битола (фото)
- In memoriam: Петар Павловски
- .
- Пивски ден, пивска ноќ, во Битола на фестивалот “Бирарија“ за занаетчиско пиво (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: “Пегаз ЕДУ” Битола ги доделени првите сертификати за професионални пожарникари
More from ВестиMore posts in Вести »
- Наследството на Битола во модерен контекст: ЕТНО 3/4
- Одлично деби на 18 годишниот Самоил Ристевски од Битола во тимот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Шампиони (фотогалерија)
- Ангеловски: Загубивме од подобар ривал, радуваат настапите на нашите млади играчи
- Во Битола променливо облачно, температурата до 22 степени
- Со полни трибини отворена ракометната Лига на Шампиони во Битола (фотогалерија)