Втората вечер од манифестацијата “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“ во Битола продолжи на плато пред Офицерскиот дом со специјално подготвена програма за најмладите, создавајќи незаборавни спомени во знак на белата ноќ.Детски хепенимг со крреативни активности, игри и перформанси, училиште за кловнови и магионичари, маскоти, музички перформанси…. беа дел од содржините во кои уживаа најмалите битолчани.Пред најмалдите и нивите родители настапија “СИ-ДО“ ѕвездичките и свои музички перформанси имаа децата од градинките “Мајски цвет“ и “Пролет“.Органзизаторите за Детскиот хепенинг како дел од програмата на „Широк Сокак во бело“ изјавија:-Ова е новина на оваа 12. манифестација „Широк Сокак во бело“ која се надеваме ќе стане традиција и ги израдува сите родители кои се забавуваа со своите најмили, за кои вечерва беа подготвени голем број изненадувања, а тоа се детски креативни работилници и забава со детски ѕвездички.Интересен настап на Детскиот хепенинг имаа децата од градинката “Мајски цвет“- објект “Ѕвездички“ кои подготвени од тимот Кристина Лајмановска -директор, Татјана Здравева – воспитувач, Лилјана Милева – музички педагог и Весна Деловска – негувател.
Воспитувачот Татјана Здравева за идејата и настапот изјави:-На манифестацијата „Широк сокак во бело“, дечињата од нашата градинка со гордост ја претставија својата љубов кон татковината Македонија. Под темата „Македонија – љубов која се негува“, нашите најмали таленти ја разбудија патриотската свест со песна, игра и традиционални костими. Настапот го симболизираше единството, богатата култура и традиции кои се пренесуваат од генерација на генерација.Целта на овој настап беше да ги потсетиме децата и јавноста на значењето на љубовта кон татковината и зачувувањето на македонските вредности и обичаи.
Со вакви настани, гипоттикнуваме нашите деца да ја негуваат и развиваат љубовта кон Македонија, истовремено давајќи им можност да ги изразат своите таленти и да учат за културното богатство на нашата земја.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска