Press "Enter" to skip to content

Продолжува континуираниот раст и развој на “Concrete Company“

“Concrete Company” е основана во 2019 година, со основна дејност за производство на бетон за градежни цели. Со континуираниот раст и развој се прошируваа и услугите кои ги нудат и тоа: производство на асфалт, ивичњаци или рабници и партнерство со “КНАУФ ДООЕЛ” Скопје за Југоисточна Македонија.

Тие постојано вршат обновување на возниот парк и  опрема. Овој пат набавија механизација  за полесна  и поквалитетна изведба на проектите и тоа:

-Пумпа за бетон марка LIBHERR 50 м

-Три миксери за бетон со носивост 9м3.

До крајот на 2024 година, се предвидени да бидат пуштени во употреба веќе набавените асфлатна база 240т/ч и бетонска база 120м3/ч.

Менаџерскиот тим потенцира дека со овој чекор,  “Concrete Company” се издвојува на пазарот од своите конкуренти, како едниствени во регионот со ваков вид на механизација и опрема, но и како огромен потенцијал за нови вработувања и го потврдуваат слоганот “Градиме темели на сигурност”.

Основен приоритет на нивното работење е почитувањето на еколошката етика и заштита на животната средина, кој практично го применуваат во секој проект.

Текст : Н.С. и С.Д.

Фотографии : Concrete Company