Синоќа во Битола се одржа “Street food Festival“, прв настан од ваков тип во градот и поширокиот регион. Тоа е настан со еден поинаков концепт на фестивал со храна. Интересот голем и платото помеѓу “ДМ Маркет“ и бар “Манаки“ во Битола беше преполно со оние кои сакаа да се забавуваат и уживаат во добра храна.На околу 10 штандови се приготвуваше и продаваше храна од секаков вид: скара, хот дог, гиро, пастрмајлија, крофни, палачинки, пица, итн.Оние кои присуствуваа уживаа со храна и се забавуваа со бендови и изведувачи од Битола. Тука беа “NALA“ бенд, “Emotion“ бенд, “Боеми“, Дона Петрова и Тамара Стојковска.
Борис од Битола кој се забавуваше ни изјави:-Прв пат еден ваков интересен настан, кој го заживеа овој дел од градот во доцните вечерни сати. Преку лето овој дел е помирен со исклучок на бар “Манаки“, но гостите кои доаѓаат тука сакаат помирно место да уживаат во добра храна настрана од гужите на Широк Сокак. Вечерва е многу живо и интересно што голем број луѓе се собрани на едно место и се забавуваат, пеат заедно со бендовите, мило ми е што сите се од Битола. Овој фестивал на храна нека стане традиција и да продолжи и следните лета.Организаторот на “Street food Festival“ кажа:-Светски популарниот настан “Street Food Festival“ кој се организира скоро во секоја европска метропола ова лето и кај нас. За прв пат се организира еден настан со еден поинаков концепт на фестивал со храна. Вечерва сите уживаат во добра храна со музиката на наши бендови и изведувачи од нашата Битола. Сакавме да започнеме еден настан по светски популарен настан “Street Food Festival“ кој се надеваме дека ќе продолжи и следното лето. Атмосферата која вледееше синоќа ја долови нашиот фотообјектив и кажува многу повеќе од зборови.
Жанета Ристевска