Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица за дрога, повреден работник при извршување на работни задачи

На 27.08.2024 во 21.30 часот во населба Баир во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 32 и 27 години, двајцата од Битола. При преглед кај едното лице била пронајдена бела грутчеста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.

На 29.08.2024 во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Брод –  Гнеотино“ при РЕК Битола на 28.08.2023 околу 21.00 часот, при извршување на работни задачи, 43 годишник од Битола се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. За настанот бил известен трудов инспектор, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.