Press "Enter" to skip to content

По 10.000 денари за секое прваче во општина Новаци и оброк за секој ученик во основно

Општина Новаци и оваа година обезбедивме 10 000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици во основно образование во Општина Новаци.

-Исто така и оваа година како и изминатите три ќе набавиме таблети за четвртоодделенците со цел квалитетно следење на наставната програма и содржини. Општина Новаци постојано вложува во образованието на децата и во подобрување на условите во училиштата. Токму затоа направени се нови санитарни јазли и реновирани се училниците и ходниците во централното училиште, набавени се електронско – технички помагала, смарт табли, телевизори и нагледни средства, вели градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски кој ја искористи и приликата да им посака успешна школска година:

-На првачињата им посакувам да се радуваат на првиот училишен ден кој секогаш ќе го паметат како почеток на еден нов период  во животот а на останатите ученици им посакувам успешен почеток на учебната година.