Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) изрече казна на ресторан во Битола поради небезбедна храна.
На вонреден инспекциски надзор и во Битола, поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во Битола изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.
Затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.






