Денес, вторник, 3 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне можност за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 31 степен.
Утре, среда, 4 септември, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 31 степен.






