Press "Enter" to skip to content

Голем успех на меѓународното Биенале за минијатурна графика и цртеж – Битола во најголемата галерија за современа уметност во Солун

На 3 септември, во Солун во најголемата галерија за графика и една од најзначајните во грија, беше отворено првото Битолско биенале на минијатурнаи графики и цртежи.Пред бројната публика, градоначалникот на Солун ја прогласи Битола балкански графички центар со широко светско значаење и изрази желба за широка културна и творечка соработка.Исклучително е значајно да се истакне дека, една од најзначајните ликовни авторитети воопшто во Грција, професорката на Солунскиот универзитет по современа уметност Луиза Авгита, со огромен теоретски опус објавен во бројни книги, преведени на повеќе светски јазици, за самата изложба на Битолското меѓународно биенале, истакна:-Ова е една од ретките, ако не единствена во европски контекст каде се негува: искрен, човечки, ликовен, хуманистички и чист емотивен и мисловен ликовен однос кој што е прогонет од Европа и заменет со сурогат на бесцелни уметнички формализми.Таа истакна дека Битолскиот графички феномен ќе биде посебен интерес на нејзината натамошната проучувачка работа.

Владо Ѓорески

More from ВестиMore posts in Вести »