Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер се врати во Битола без трофеј, по поразот во Купот, пораз и во Супер купот од Алкалоид, во Гевлелија (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Алкалоид 30:33 (14:19)

Шампионот на Макдонија, Еурофарм Пелистер од Битола вечерва во Гевгелија во Супер Купот, загуби со 33:30  од Автокоманда, кој го освои првиот трофеј во Супер Купот, а “пелистерци“ не успеаја да го обезбедат третиот пехар на стартот на новата ракометна сезона. Претходно, во мај, Алкалиод го победи Пелистер и во Купот на Македонија.И вој пат на трибините во Гевгелија, во салата “26 Април“ имаше повеќе навивачи од Битола, и дел од навивачката група “Чкембари“.Одлуката, по се изгледа, кој ќе биде победник беше донесена во првото полувреме кога тимот на Кире Лазаров направи разлика од пет гола, 14:19, и кога “пелистерци“ останаа без капитенот Кузмановски поради црвениот картон и дополнителнито син картон. На стартот на натпреврот Алкалоид имаше +2 (6:4), а по одбраните на Митревски беше 6:6 по десетина минути игра.Но, и од другата страна поранешниот пелистерец Кизиќ добра бранеше, и “пелистерци“ не поведоа со два гола. Потоа Алкалоид  поведе со 8:7, а потоа и на  +3, 11:8.  “Пелистерци“ останаа без капитенот Кузмановски во 25 минута, по црвениот и син картон, по ударот со лакт во дуелот во Карасманакис. Во финишот на полувремето Алкалоид  стигна до +5 (19:14).Второто полувреме започна со добра игра на Еурофарм Пелистер, а момците на Ангеловски кои мораа да бркаат негатива, постигна два гола и шанси за минус два, но Кизиќ им фати зицери на Пешевски и на Атанасијевиќ. Галевски му одбрани пенал на Кузманоски, и Алкалоид поврорно дојде до +4 (21.17). Еурофарм Пелистер со два врзани гола додје намали на 21:19, има шанса за минус еден, Тајник не погоди.

Потоа се продолжи со играта гол за гол. Во финишот на натпреварот Алкалоид влезе со 27:24, а Пелистер намали на 27:25. “Пелистерци“ не стигнаа до -1, а Алкалоид дојде со +3 (30:27) за чекор до победа, а потоа дојдоа до победа 30:33.Најефикасен кај Еурофарм Пелистер Кузмановски со 5 гола, по 4 запишаа Хосни, Манасков и Радивојевиќ, а Митревски беше одличен меѓу стативите.Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »