Press "Enter" to skip to content

По освојувањето златото на Светското првенство Марија Димовска на прием кај премиерот Мицкоски и министерот Ристовски

Марија Димовска од Битола и нејзиниот тренер Александар Димовски кој е помошник тренер, заедно со младите македонски кикбоксери од Македонската кик бокс маи таи федерација, кои освоија два златни и еден сребрен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство во Унгарија, денеска беа пречекани од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски. Марија Димовска која освои златен медал во категорија -60 кг, помлад јуниор, лоу кик) е член на кик-бокс клубот Енерџи од Битола, кој клуб постигнува извонредни успеси на сите натпревари на кои се натпреварува во државата и во странство.-Денеска со голема гордост ги пречекавме нашите млади спортски херои од Македонската Кик Бокс Маи Таи Федерација, кои освоија 2 златни и 1 сребрен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство што се одржа во Унгарија од 24 до 31 август 2024 година. Нивната посветеност, напор и борбен дух се инспирација за сите нас и покажуваат дека соништата можат да се остварат со многу труд и желба. Сите заедно сме горди на вас и ви посакуваме уште многу победи и успеси на светската сцена! Македонија е со вас, момци и девојки, напиша премиерот Христијан Мицковски.На Светското јуниорско ВАКО првенство во Будимпешта учествуваа 2256 спортисти од 68 земји.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »