Press "Enter" to skip to content

Сезонски билети за полни трибини, КК Пелистер во Битола ќе се гледа цела сезона за 2.000 денари и во АВА2 лига

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола во рамките на организациски план да има полни трибини во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола за домашните и меѓународни натпревари во АБА2 лигата, го пр0мовира сезонски билет.

За сите натпревари на “пелистерци“ на домашен терен во Првата лига и во АБА2 лигата, сезонскиот билет ќе чини само 2.000 денари. 

В0 соопштението кое денес го испратија, а е за сезонските и поединечните влезници се вели:-Кошаркарскиот клуб Пелистер ќе ги пушти во продажба сезонските билети за наредната сезона, во која нашите „зелено-бели“ ќе се натпреваруваат во домашното првенство и во АБА2 лигата.

Составен е квалитетен играчки ростер со тренер кој знае како се освојуваат трофеи, па веруваме дека се исполнети предусловите, за со Ваша поддршка да стигнеме до првиот пехар во клупската историја. Затоа, се надеваме на полни трибини во салата „Боро Чурлевски“, за сите заедно да ги испишеме најуспешните страници во клупската историја.

По одлука на управата, цените на билетите за следната сезона ќе изнесуваат:

-Сезонски билет за сите натпревари во Првата лига и во АБА 2 до крајот на сезоната – 2.000 денари

-Единечен билет за Првата лига – 100 денари

-Единечен билет за АБА2 – 200 денари.

-Кошаркарска Битола заслужува трофеј, бидете сведоци на испишувањето на историјата, порачаа од КК Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »