Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер започна со победа во новата сезона

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 27:31 (17:15)

Еурофарм Пелистер од Битола на гостувањето во Кавадарци ја забележа првата овогодишна победа против Тиквеш 31:27, во натпревар во кој домашните дадоа силен отпор, особено во првиот дел. “Пелистерци“ заиграа посериозно во второто полувреме и не дозволија изненадување. Еурофарм Пелистер играше без повредениот Хосни и казнетиот капитен Кузмановски.

Натпреварот започна со водство на Тиквеш со 7:3. Пелистер ја намали разликата но кавадаречкиот тим одржуваше водство од два до четири гола. На крајот на полувремето Еурофарм Пелистер имаше шанса за минус еден, но не погоди, и заврши 17:15.

Втотрото полувреме започна со одличен старт на Еурофарм Пелистер и направија серија од 6:0, а битолчани не примија гол 12 минути и направија водство од 21:17. Кавадарчани не се откажуваа, а шампионот до крајот рутински го доврши натпреварот.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Пешевски кој постигна осум голови, а Тајник шест.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »