Press "Enter" to skip to content

Пивски ден, пивска ноќ, во Битола на фестивалот “Бирарија“ за занаетчиско пиво (фотогалерија)

-Се случи долгоочекуваниот битолски пивски ден, кој беше резервиран за “Бирарија“ што Слоу Фуд Битола, со право го нарече фестивал на занаетчиско пиво.Настанот е значаен и полн со симболика, бидејќи првата пиварница во Македонија е отворена токму во Битола, во месноста Буковски лозја, покрај Драгор, и тоа во 1890 година. Многу децении подоцна, се чувствува пивскиот дух во конзулскиот град, тоа уште еднаш, по којнае кој пат, беше докажано, пред Пионерски дом, на пешачкиот дел на улица “Рузвелтова“.На “Бирарија“ сите присутни уживаа во совршената симбиоза на музиката и пивата од пивариите: пивара “Бакревски“, “Белеза Бруинг 2024“, “SAKAM PIVO-Beershop“, “Курајбеер“, “Temov Craft Brewery“ и саундот на групата “ParketiFanClub“, “Memphis Mafia“ и ди-џејот Agim Dzelo.На “Бираријата“  се дегустирааа најразлични пива со домашна и странска адреса за да се стигне до целта, кое пиво е најдобро.-Крафт пивата глобално имаат долга традиција, но кај нас сеуште се сметаат за новина. Сепак, немаат конкуренција во неформалноста, лежерноста и се повеќе се пијачка за „на нога“, добар муабет и поврзување … Сите пивољупци имаа прилика да ја посетат и “работилница за вкус со дегустација на пива“, што се случи пред самиот почеток на “Бирарија“ во предавална на Работничкиот Универзитет. На работилницата се дегустираа специјални занаетчиски пива од Белгија, Австрија, Германија, кои што ја следат филозофијата и идеологијата на Слоу Фуд, рекоа организаторите.Заедно со странските пива, секако на подиумот беа и нашите, македонски занаетчиски пива.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »