Press "Enter" to skip to content

Уште од 5 часот утринава големи гужви на граничниот премин “Меџитлија“ патни исправи се проверуваат во три колони

Уште од 5 часот утринава на граничниот премин “Меџитлија“ кон Грција има големи гужви, а за излез од Македонија на три контролни пункта, во три колони се проверуваат патните исправи, а на влез во Грција тоа се прави во две ленти. 

Невообичаените гужви се поради продолжениот викенд поради Денот на незавосноста, и топлото време, па се заедно направи хаос не само на овој граничен премин туку и на речиси секој граничен премин во државава кој води до соседна Грција.

Поради најавите за гужви на граничниот премин Богородица, голем број на туристи, пред се од Србија и Романија се упатија кон граничниот премин “кај Битола, поголем број на српски возила синоќа во Битола бараа помош како најбрзо да стигнат до граничниот премин.

Дека ќе биде ваква состојбата се претпоставуваше според тоа дека не можеше да се направи резервација за соба на море во Грција, посебно само за викенд во скоро сите битолски туристички агенции.

Се очекува вакви гужви да има понеделник вечер кога сите кои излегоа од државата ќе се враќаат назад.

More from ВестиMore posts in Вести »