Press "Enter" to skip to content

Дејан Цветковски нов в.д. директор на НУ Камерен Оркестар на Битола

Од Националната установа Камерен Оркестар на Битола известуваат дека по истекување на мандатот на досегашниот в.д. директор на НУ Камерен Оркестар на Битола, Владимир Димовски, кој е вработен во Опера и балет, на негово место доаѓа вработен во НУ Камерен Оркестар на Битола, Дејан Цветковски.

Министерот за култура Зоран Љутков, Дејан Цветковски, го именува од редот на вработените во установата. Цветковски доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Владимир Димовски, на кого уште во јули годинава му истече мандатот да ја води институцијата до избор на нов директор.

Дејан Цветковски е еден од првите вработени во НУ Камерен Оркестар на Битола, а Владимир Димовски продолжува како надворешен соработник на НУ Камерен Оркестар на Битола.

Фото: Дамијана Ристевска