Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола домаќин на 9. Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан (фотогалерија)

-Повеќе од 60 ректори од 15 европски држави, претседатели на универзитети и професори  денеска и утре се  во Битола на редовниот Ректорски собир на европските универзитети, каде се  расправа за универзитетите и нивната улога во промоција на демократските, европските вредности во иднина, за идниот развој кон федерација на алијансите односно Универзитетот, а диксусиите ќе навлезат и до детаљи како упис на студенти, европскла диплома, издавање на дипломи.Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола дене и утре  е домаќин на 9. Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, во соорганизација со алијансите: COLOURS, EUTOPIA и YUFE.Ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“  проф-д-р Игор Неделковски на утринската прес конференција рече:

-Во Битола денеска започна  9 от по ред  Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, во соорганизација со алијансите: COLOURS, EUTOIA и YUFE. Во рамки на оваа важна паневропска академско – регионална соработка се одржуваат серија настани за идните можности и улогата на академската заедница во модерниот свет. Во рамки на оваа важна паневропска академско – регионална соработка ќе се одржат серија настани за идните можности и улогата на академската заедница во модерниот свет. Деветтиот Форум на ректори од земјите на југоисточна Европа и Западен Балкан комбиниран со форум на КОЛОРС европската алијанса што го прави еден од најголемите академски настани што се случиле во нашито град, а можеби и во Македонија. Меѓу нив посебно место имаат актуелностите за универзитетските сојузи, универзитетските вредности и алијанси, што за УКЛО е посебен момент, бидејќи се реализира во светлината на неговата актуелна вклученост во Алијансата КОЛОРС.Проф. д-р Снежана Пријиќ – Самарџија, претседател на Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, од Универзитетот во Ријека, Хрватска рече дека:-Конференцијата е манифестација на идејата универзитетот да биде „Градител на мостови и брокер на знаење“. Формираните алијанси се дел од европската стратегија за развој на демократските општества водени од правна држава, стратегија за поврзување, кохезивни политики.Формираните алијанси се дел од европската стратегија за развој на демократските општества водени од правна држава, стратегија за поврзување, кохезивни политики.Проф. д-р Торстен Мајер, претседател на Алијансата КОЛОРС од Универзитетот во Падерборн Германија, координатори на Алијансата рече дека ја очекувал средбата заради два аспекти: најпрвин размената на искуства со другите универзитетски алијанси  и, можноста да се види развојот на Co-Space на битолско тло.Во програмата на Форумот, УКЛО, како членка на КОЛОРС одржува уште две важни случувања: промоција на мобилниот колаборативен простор (CoSpace) за размена на идеи, соработка и поврзување меѓу академијата и соработниците од бизнисот, граѓанскиот, владиниот и образовниот сектор.Сите овие алијаси –  ректори, заменици ректори, претседатели на универзитети и професори во текот на битолскиот форум ќе се обидат да ја најдат заедничката основа, не само по желбата да се поврзат со своите европски колеги, туку и по документи: -Ќе ја бараат заедничката основа во основачките документи, програмските, научно-наставните и истражувачките па и финансиските структури по кои работат за да може да биде позната надградбата кон вистинското заедничко работење, со мобилност на студентите и професорите и дипломи кои важат секаде. Колаборативниот простор ќе биде поставен за времетраењето на Форумот, на Широк Сокак, а на 13.09.2024 г. на ФТУ – Охрид ќе се одржи Теренско истражување на тема Туризам, активност на работен пакет 3 од Алијансата КОЛОРС.

More from ВестиMore posts in Вести »