-Ќе разликуваме од сите други локали во градот велат сопствениците на кафетеријата “By Marieli“ во Битола која се наоѓа во “Стаклената“.
Вечерва свечено се отвори со многу гости присутни имаа можност да го пробаат вкусот на кафе, десерт, торти… Пријатно место за кафе и слатки десерти, торти со познатиот вкус и
квалитет на “By Marieli“ кафетерија.
Сопствениците Филип Ивановски и Константин Џиланов возбудени на отворањето изјавија за идејата и концептот на новата кафетерија.
-Идејата за отворање на оваа кафетрија ја потикнавме заедно со мојот пријател, а сега деловен партнер Константин Џиланов. Тој е сопственик на “Мариели“ слаткарницата која како бренд ја препознаваат по квалитет и вкус, битолчани и други гости во градот. “By Marieli“ кафетерија претставува сплотеност на едно место на модерна кафетрија со бранч појадок и десерти. Ове е кафетрија по европски модерен терк, вели Филип Ивановски.
-Ќе се препознавме по квалитетно кафе, односно висoко квалитетно “Frank“ кафе, од кое може се бира 100% арабика, мешано со робуста. Секако дека ќе понудиме и “кафе за носење“.
заедно со десерти и торти од слаткарница “Мариели“ која е до нас.
–Најдобро е ова што го нудиме да се проба и тоа што го кажуваме дека ќе се разликуваме од сите други локали во градот, да го препознаат и битолчани, додава Константин Џиланов.
И локацијата на “By Marieli“ кафетерија не е случајна, а велат дека ќе биде место за сите битолчани, љубители на кафе кои ја почитуваат кафе традицијата во Битола, оние кои сакаат вкусен доручек, за битолчани и намерниците во градот кои го сакаат благиот вкус на слатките на “Мариели“ и оние кои допрва е ги пробаат, за оние кои сакаат да завршат некоја деловна обврска на својоп лап-топ, за спортистите, за студентите, за учениците…
Филип и Константин додаваат дека се во центарот на Битола, на простор на кој се наоѓаат голем број на деловни објекти, банки, претријатија, државни институцииа на сите ќе им понудат нешто што тешко ќе го одбијат. Секако тука можат се направат и порачки за торти и слатки производи на “Мариели“.
Жанета Ристевска






