Синоќа на големата сцена на Народен театар Битола во рамките на првиот ден од 9. Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, во соорганизација со алијансите: COLOURS, EUTOPIA и YUFE беше изведена Мултимедијална театарска изведба “Еден век на наука и знаење“.
На изведбата присуствуваше комплетната ректорката управа на УКЛО Битола предводена од Ректорот проф. д-р Игор Неделковски, деканите на високо образовните институции на УКЛО, претставниците на Универзитетите членки на “Колорс“ алијансата, професори и студенти.
Присутни беа и заменик министрите од Битола, за економија Николче Јанкуловски и за надворешни работи Викторија Трајков и градоначалниците на Битола и Прилеп.
Настанот започна со интонирање на химната на Република Македонија и химната на студентите во изведба на мешааниот хор на КУД “Стив Наумов“ од Битола.
Поздравно обраќање до присутните имаше Ректорот проф. д-р Игор Неделковски, на сите госто уште еднаш им го претстави Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола, и ги потсети на двата јубилеи кои ги одбележува УКЛО, 100 години од формирањето на Институтот за тутун во Прилеп и 45 години од формирање на Универзитетот “Св. Климент Охридски“.
Неделковски ги претстави и сите членки на Универзитетот од Битола, а на крај упати порака за студирање на УКЛО бидејќи како рече сега тоа е домашно но светско.
Мултимедијална театарска изведба “Еден век на наука и знаење“ беше изведена од четворицата актери на Народниот театар од Битола, Петар Мирчевски, Маја Андоновска – Илиевски, Огнен Дранговски.
Во мултимедијална театарска изведба “Еден век на наука и знаење“ учествуваа и студенти на УКЛО, а за музиката се погрижи групата “Фолтин“.
Во мултимедијална театарска изведба “Еден век на наука и знаење, одлично, на сликовит начин преку збор, танц и игра беа преставени сите факултети и високи школи, а тоа го привлече вниманието на присутните.

Мултимедијална театарска изведба “Еден век на наука и знаење во реализација на УКЛО Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





