Press "Enter" to skip to content

Вечерва се одржа хуманитарна вечер со македонски автори во “Book’s House“ во Битола (фотогалерија)

-Урбаниот простор на книжарата и кафе локалот Бар Општина, Битола вечерва прозвучија во име на уметноста, музиката, поезијата, прозата, а сето тоа најубаво спаковано во име на хуманоста.Вечерва книжарницата “Book’s House“ во Битола во “Бар Општина“ организира хуманитарен настан. Вечер со македонски автори, кој предизвика голем интерес, љубителите на книгата, купуваа книги со потпис на македонски автори и придонесоа за хуманитарниот карактер на настанот. -Книжарницата “Book’s House“ заедно со уште дваесеттина други современи автори се обидовме и мислам дека успеавме да го доближиме нашето творештво до битолските книгољупци. Сето тоа со  хуманоста, која многу ни недостига во овие модерни времиња, вели Јулијана Делев од “Book’s House“, која неуморно креира настани од ваков тип.Познатите имиња од македонската книжевна сцена беа на оваа локација, а со нив читателите имаа можност да поразговараат и дискутираат околу нивниот писателски порив, идеите и креацијата на сите извонредни дела кои оставиле и оставаат трага во македонската литература и секако да го имаат нивниот потпис и посвета на делата кои ги купија во хуманитарни цели.Вечерва своите дела на битолчани им ги понудија: Оља Петрушевска – Томева, Далибор Трајковски, Лепа Гештаковска,  Ана Антовска, Гордана Такец, Андреј Јанков, Јован Илиевски, Јордан Коцевски, Весела Богдановик, Елена Бошбож, Андон Карлос Поп Чотров, Мариа Тасевска, Никола. В. Ристевски, Александар Костадиновски, Орде Ѓорѓиоски, Maja Митревска, Лили Бошевска, Јасмина Атанасовска, Кристина Јанкуловска, Зоран Ѓеоргиев, Анастасија Петровска…Музичките ѕвезди Ламбе Алабаковски, Ирена Димовска, Сара Петровска, Дејан Трајковски – пијано ја поддржаа оваа хуманитарната идеја  и придонесоа за оваа ноќ, биде за паметење.-“Book’s House е модерна битолска уметничка приказна, инспиративен израз на иницијативата на сопственичката Јулијана Делев, која на овој начин ги поврзува уметноста на творењето, музиката и хуманота во едно, што мислам дека успеа, а тоа за тоа говори и бројот на битолчани кои ја поддржавме идејата на “Book’s House“ и се тука и уживаат во тоа, ни рече Јасмина Грбевска која ја купи својата омилена книга. -Вечерва во дворот на “Бар Општина“ уметноста продолжи да живее, а таа е  единствената магија и убавина во светов, а добрината е убавина во своето свето издание, порачаа од “Вook’s House“.Собраните средства книжара од продажбата на подарените книги на македонските автори  “Book’s House“ ќе ги донираат за школски прибор за децата со попреченост.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »