Од д-р Васил Чипуровски добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат д-р Васил Чипуровски зборуваше за дивертикулум и дивертикулитис на колон, за што вели:
-Постојат вродени дивертикули каде има хернијација (проширување) на целиот ѕид на цревото низ хернијален отвор и стекнати дивертикули каде има хернијација на слузницата низ мускуларниот слој на ѕидот на цревото каде е влезот на нутритивната артерија. Има дивертикули на тенко црево, на дебело црево кои се најчести во сигмоидалнара регија поретко проксимален колон а и ги има и на мочното ќесе итн.
Дивертикулумите на дебелото црево зачестуваат со возраста над 50 години со инциденца од 20-50%. Точниот механизам на настанување не е познат но се смета дека улога има зголемениот интраабдоминален притисок и слабост во цревниот ѕид, примена на високо рафинираните продукти во исхраната со редукција на перисталтика и забавена цревна пасажа и зголемување на интралуминалниот притисок ја зголемува фреквенцијата на појава на Дивертикулум во високо развиените држави.
Клиничката презентација е асимптоматска најчесто можна е и појава на абдоминална болка и крв во измет при дивертикулитис како компликација, Ехографијата на абдоменот е дијагностичка скрининг метода во која се гледа дивертикулумот како светло ехогено проширување на ѕидот на колонот со акустична сенка под него, златен стандард во потврдување на дијагнозата е колоноскопијата.
Најчеста компликација на дивертикулозата на дебело црево е дивертикулитис воспаление во или околу дивертикулумот.