Press "Enter" to skip to content

Пелистер со реми против Струга, но може да жали за три бода во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Струга 1:1 (1:1)

Фудбалерите на Пелистер попладнево на свој терен во Битола не погодија во последните секунди за гол, во судиското време кое беше +5 минути, и не испеаја да запишат три бода во 5. коло од Првата фудбалска лига, а натпреварот заврши со резултатот кој беше постигнат во првото полувреме.Резултатот беше отворен во 16. минута кога шампионот Струга ТЛ по нафрлањето од левата страна, Кехинде мајсторски со глава постигна погодок за предност на својата екипа. Стружани имаа уште неколку шанси за ново славје, преку Радески и Камбери, но Пелистер одново покажа карактер и со организирана игра прво израмни на 1:1.Следуваше прилика на Ивановски за постигнување на израмнувачки гол, а голот за “реми“ беше постигнат во 45. минута по слободниот удр, како скратениот корнер на Љамчевски по што следуваше автогол на Радиќ, несреќно со глава.Во второто полувреме битолската публика се израдува на подобрата игра на Пелистер и им ја даде целосната поддрша, посебно во финишот од натпреварот. Првата прилика завотр гол на Пелистер беше во 80. минута, кога по една брза контра на пелистерци, Ивановски прецизно го проигра Спиркоски, а овој од непосредна близина не успеа да го совлада гостинскиот голман, Стевковски кој одлично реалираше.Во самиот финиш Стевковски одново го спаси својот тим, откако со нова фантастична интервенција му одбрани зицер на Мирко Ивановски, па на крај стружани беа позадоволни од конечниот резултат и поделбата на бодовите.Со овој бод Пелистер останаа на осмата позиција на табелата со пет бода колку што има петтопласираниот Шкупи. Прва на табелата е Шкендија со 11 бода колку што има и Работнички.

More from СпортMore posts in Спорт »