Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник

СВР Битола поднесе кривична пријава против 48 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 11.07.2024 на автопат Велес-Градско, полициски службеници извршиле контрола над пријавениот, кој притоа на увид приложил возачка дозвола која претходно ја пријавил за изгубена, a извадил нова возачка дозвола, која му била одземена поради изречена забрана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и 65 годишник од Битола, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „бесправно градење“. Пријавениот постапил спротивно на одобрение за градење издадено од општина Битола, за изградба на подружница на пријавеното правно лице, и изградил угостителски објект – ресторан, со што избегнал плаќање на повисоки надоместоци за уредување на земјиштето.

На 15.09.2024 во 11.00 часот во СВР Битола, З.Ч. (32) од с.Трн, битолско, пријавила дека на ул.„Новачки пат “во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
More from ВестиMore posts in Вести »