Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Каде бегаме од болката? Механизми на одбрана кои не заштитуваат од болка

-Уште како деца живеејќи во свет на возрасните не можејќи да се носиме и објасниме трауматични случувања, сме пронашле механизми на одбрана кои не заштитувале од болка.

Човековата природа е комплексна, и секоја наша лична историја посебна и комплексна. Механизмите на заштита често се испреплетуваат и градат мрежа на нашиот безбедносен систем. Како возрасни не треба да се осудуваме зошто ги користиме. Тие не штитат. Важно е да знаеме дека треба да ги промениме. Еве некои од одбрамбени механизми за да препознаете што стои зад нив и каде бегаме од болката.

Во постојано удоволување на другите

На овој начин бегаме од болката на отфрлање и безначајност. Таа болка стои на уверувањето дека другите ќе не сакаат само доколку нивните потреби ги ставиме на прво место.

Во претерано размислување (overthinking)

Не само да “бегаме“ од чувствата, туку и од анксиозноста која е последица на внатрешните конфликти. Понекогаш може да служи да не оддалечи од нешто тешко и поболни мисли.

Во перфекционизам

Бегаме од критики и туѓи осудувања, кои би ни нанеле чувства на безвредност. Имаме некој „внатрешен попис“ дека вредиме само, доколку никој не ни ја најде „слабата точка“.

Во работохолизам

На овој начин бегаме од чувството на безкорисност. Ја имаме таа „внатрешната наредба“ да бидеме корисни. Работохолизмот е бегство од емоциите. Работохилизмот има магнетна привлечност, бидејќи го спречува доживувањето на било која емоција. Вашето бегање во работата, долгите часови таму минати, се ваш начин да останете далеку од своите чувства, со илузија дека така сте безбедни.

Во драматични врски и односи

Бегаме од чувството дека нас вакви какви што сме не е возможно да бидеме сакани. Драмата тоа чувство го сокрива.

Во катастрофизирање

Бегаме од можноста да не ни се повтори старата болка, така однапред се подготвуваме за болката и се „увежбуваме“ и своите споспобности за ја преживееме болката.

Во презагриженост

Бегаме од неизвесносгта и недостатокот на контрола. Во основа е болката на детето од детсвото кое се морало само.

Во прокрстинација

Бегаме од акција, превеземање на чекори и делување. Всушност бегаме од болката на неуспехот и недовербата во себе. И многу други механизми на одбрана (за кои ќе пишуваме во друга објава)

И колку стрес ни правеле сите се овие механизми на заштита кои сме ги усвоиле како деца. За да се заштитиме од болката. Ние можеме да ги промениме тие механизми работејќи на болката која се наоѓа Позади НИВ.

Препораки

Првиот чекор може да биде самосвест Патувањето кон поздраво решавање на проблеми започнува со самосвест. Започнете со признавање на вашите одбранбени механизми. Оваа свест ви овозможува да одлучите кога да ги користите и кога да ги прифатите вашите вистински емоции.