Јани Маале – Шкендија 0:5 (0:3)
Екипата на Јени Маале од Битола која се натпреварува во Општинската лига на ОФС Битола денес се покажа како одличен домаќин и организатор на натпреварот од шеснаесет финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Тие се истакнаа при организацијата на овој натпревар, покажувајќи манири на голем клуб, кој се докажува од година во година, од натпревар на натпревар, а капитенот Пискачев по завршувањето на натпреварот рече:
-Историјата е испишана, да бидеме горди што сме дел од истата. Можеби и не сме свесни дека организациски направивме нешто што не се гледа често. Нашето го направивме и историјата ги памти делата, а не зборовите. Рамо до рамо на терен и надвор од него со помош од Тоде Блажевски и Александар Пановски кои техничкиот дел го одработија феноменално. Јенимаалци се поразени на стадионот “Петар Милошевски“ под Тумбекафе во Битола со резултат 0:5, полувреме 0:3.Головите за екипата на Шкендија ги постигнаа Латифи, Крстевски, Коцев, Бамба и Шефити.Натпреварот е остане во сеќавања и дел од историјата на малсккот клуб од Јени Маале, а бројните ф0тографии ќе бидат и во сите наредни алманаси на клубот.Но, третиот гол на Шкендија ќе биде запишан како неверојатен.Голманот на Јени Маале излета на една долга топка, се обиде да расчисти со лизгачки старт, а потоа влезе и во дуел со противник. Топката падна на средината од игралиштето и дојде до Коцев кој биеше прецизно во противничката мрежа. Јени Маале е клуб на млади луѓе кои го репрезентираат култното маало во Битола.