Press "Enter" to skip to content

Ангеловски: Загубивме од подобар ривал, радуваат настапите на нашите млади играчи

Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа во Битола го забележаа вториот пораз во рамките на 2. коло од Лигата на Шампиони од екипата на Фуксе Берлин.

По натпреварот на официјалната прес конференција, тренерот на “пелистерци“, Бранко Ангеловски рече:

-Честитки до Фуксе за победата и одличната игра. Загубивме од подобар противник, кој добро играше во сите 60 минути и го искористи нашиот пад. Мислам дека во првиот дел се скрши натпреварот, кога од минимална негатива паднавме и ги казнија грешките. Сметам и убеден сум дека премногу промашувавме зицери од шест метри, а тоа даде свој тон на победата на ривалот. Имаме уште многу за играње, радува тоа што добивме уште еден играч од нашата школа. Задоволен сум од прикажаното на нашите млади играчи и се надевам на уште подобри игри од нив во иднина.

Во рамките на 3. коло од ЛШ екипата на Еурофарм Пелистер, на 26 септември ќе гостува во Романија на тимот на Динамо Букурешт.

More from СпортMore posts in Спорт »