Press "Enter" to skip to content

Вечерва се одржа настанот “Традицијата како начин на комуникација“ како дел од проектот “Smart4You2“ (фотогалерија)

Вечерва во Завод и Музеј Битола се одржа манифестацијата “Традицијата како начин на комуникација“ во организира Младинскиот културен центар Битола, проектен
партнер во проектот “Smart4You2“, а тоа беше една од активностите во проектот.На настанот присуствуваа претставници на Делегација на ЕУ во Скопје, партнери во проектот “Smart4You2“, гости од Корча.Главната цел е да се подобри туристичкиот потенција преку промовирање на богатото културно наследство и вредностите кои што ги има регионот од двете страни на границата, финансиран од ИПА програмата.Ана Секуловска,проектната координаторка ги поздрави присутните и го отвори вечерашниот настан, при што рече:-Денес сме тука со една важна цел, заедно да ја нагласиме важноста на заштитата на културното наследство преку проектот “Smart4You2“. Културното наследство не е само одраз на нашата историја и идентитет, туку и мост кој што ги поврзува заедниците и народите преку границите. Проектот “Smart4You2“ има за цел да воведе решенија за заштита и промоција на нашето заедничко културно наследство со употреба на дигитални технологии, паметни стратегии и соработка помеѓу земјите, за не само да зачуваме туку и да го претставиме културното богатство на младите генерации. Овој проект е доказ дека заштитата на културното наследсто не познава граници, тоа е наша заедничка одговорност. Со здружени сили можеме да се осигураме дека културните вредности ќе останат живи и достапни за сите нас, денес и утре. Директорот на Завод и Музеј Битола, Зоран Николовски, како домаќин на вечерашниот настан рече: -Сакам да ја истакнам мојата гордост дека мојата институција, Завод и Музеј, заедно со останатите партнери направија еден ваков голем проект. Посебно ми е драго што овој проект влегува во таканаречените капитални проекти што наташа истууција ги има направено, посебно со меѓуграничната соработка помеѓу Македонија и Албанија. Жалам што поради дождот не можеме настанот да го одржиме во уредниот простор на затвореното двориште со стручно име Пацио. Проектот е толку убав и значаен што како поднаслов можело да го има името “Балкон на Балканот“.Златко Талевски, директор на МКЦ Битола, проектен партер во проекто проектот “Smart4You2“ вечерва рече:-Проектот “Smart4You2“ се занимава со инфраструктурни настани, но за жал вечерва не можевме да го видиме Пациото во раскошот кој го има. Но, проектот “Smart4You2“ не е само инфраструктура туку и поврзување на луѓето од двете страни на границата, промоција на заеднички вредности, кои не поврзуваат и градот нови мостови на соработка. Токму тоа е улогата на МКЦ Битола во овој проект да ги поврзува луѓето, да ги гради капацитетите на луѓето, на новите занаетчии, на новите претриемачи кои имаат мали бизниси од двете страни на границата. Со сите активности им даваме предност на луѓето од двета погранични региони, кои се носители на иновативноста и им даваат нови правци на развојот на нашите заедници. Врските кои се градат даваат гаранција за одржливоста на ваквите проекти.На настанот “Традицијата како начин на комуникација“ настапија членови на културниот центар на ансамбч “Деволи“ од Корча и КУД “Илинден“ Битола кои пред присутните претставија дел од нивната богата програма.

More from ВестиMore posts in Вести »